Перез не штедеше зборови за Зидан, Рамос и Варан: Тие се легенди на Реал

Перез им оддаде почит на три легенди кои изминатото лето си заминаа од Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, уште еднаш им оддаде признание на поранешниот тренер Зинедин Зидан како и дефанзивците Серхио Рамос и Рафаел Варан кои изминатото лето си заминаа од „Сантијаго Бернабеу“.

– Сакам да им оддадам почит на три легенди на Реал Мадрид. Прво на Зинедин Зидан. Неговата кариера и како играч и како тренер беше неверојатна и треба да им биде пример на сите. Тој е легенда на светскиот клуб – не штедеше зборови Перез за Французинот кој оваа сезона одмора од фудбалот.

Серхио Рамос ова лето по 16 години си замина од Реал Мадрид и потпиша за ПСЖ.
– Серхио Рамос е нашиот вечен капитен, најдобар дефанзивец во историјата. Серхио помина 16 години во Мадрид, тој е еден нашите маскоти, легенда на Реал –рече Перез и потоа зборуваше и Рафаел Варан кој летово потпиша за Манчестер јунајтед.

– И Рафаел Варан. Кај нас дојде како дете, ова беше неговиот дом каде свои 18 титули. Заслужи да биде почитуван од сите. Три гиганти кои ја збогатија нашата историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот