Пепе Реина: Имав симптоми на коронавирус и многу среќа

twitter/OptaJoe

Шпанскиот голман Пепе Реина тврди дека ги имал сите симптоми на коронавирусот и дека во овие моменти состојбата му е многу подобра, откако беше во самоизолација.

Поранешниот голман на Барселона, Ливеерпул, Баерн Минхен и Милан, а сегашен член на Астон Вила, на шпанските медиуми им откри со какви маки се соочуваше поради коронавирусот.

– Имав симптоми на коронавирус. Минатата недела имв сува кашлица, грозница и тешко дишење, но веќе се чувствувам подобро. Ги следам вестите за тоа што се случува во Европа и светот. Најважно е да се почитуваат правилата и советите на лекарите и само така може ова да заврши побрзо.
Мора сериозно да се сфати изолацијата бидејќи само така може да помогнете во оваа борба – раскажува Реина кој исто така изјави дека не направил тест за ковид-19.

– Загрижен сум за луѓето кои живеат во станови од 70 квадратни метри, и тоа се деца. Фудбалот е небитен во овие моменти, човечноста и над се. Не знам дали ќе играме фудбал оваа сезона, бидејќи натпреварите без гледачи немаат никаков смисол. Знам дека тука постојат економски фактори, но не е само во спортот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот