Ристо Пенов / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Пенов вели дека како советник ќе се бори и нема да молчи

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов ќе биде советник во градскиот совет.

Пенов стана советник како носител на советничката листа на коалицијата „Искуство за успех“ – Либерално-демократска партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите.

„Влегувам во советот не за да преспијам четири години или да молчам, туку да се борам за подобро Скопје со решенија и проекти кои се надевам ќе бидат слушнати од останатите советници и новиот градоначалник кој и да биде тој. Довербата која ја добив од вас е сила која ме обврзува да се залагам за нормализирање на ситуацијата во градот, да бидам разумот кој ќе поддржува добри проекти, но и кој ќе се спротистави жестоко кога работите нема да одат во добар правец“, напиша меѓу другото Пенов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот