Пендиков се врати во Охрид да даде изјава пред истражителите, ќе присуствува и на утрешното судење

Христијан Пендиков утрово се врати во Охрид за да го даде првиот исказ пред истражителите. Ова е прво враќање на Пендиков во родниот град по неговото лекување во Софија, откако беше претепан на 19 јануари оваа година.
Како што јави БГНЕС, Пендиков ќе присуствува и на утрешното судење. На претходното судење еден од обвинетите, Илија Спасески изјави дека „го разбира обвинението, но не се чувствува виновен“. Исто така, беше прикажан и видео-запис од нападот врз Пендиков.
Пред околу еден месец, Пендиков стана бугарски државјанин, а церемонијата се одржа во салата во која вообичаено претседателот на Бугарија врачува ордени и пречекува странски делегации.
Тој беше секретар на сега згаснатиот бугарски клуб во Охрид, со контроверзно име „Цар Борис III“. Откако беше претепатн, Пендиков беше префрлен со бугарски валдина авион во Софија каде што беше лекуван, доби стан и полициска заштита.
Против него, се води и предмет во охридското обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.