Пендаровски: Палењето на знамето на Република Бугарија на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда

Претседателот Стево Пендаровски го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскот карневал.

– Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување, стои на Фејсбук профилот на шефот на државата.

Осуда за чинот на палењето на бугарското знаме што се случи вчера за време на карневалот во Вевчани преходно изрази Министерството за надворешни работи, а Бугарија преку амбасадорот во земјава Ангел Ангелов упати остра вербална нота до нашето МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот