Пендаровски објави фотографија од македонските војници кои учествуваа во спасувањето на петгодишниот Сулејман во Турција

Фото: Стево Пендаровски, Фејсбук

Претседателот на државата Стево Пендаровски објави фотографија од македонските војници кои учествуваа во спасувањето петгодишното дете од урнатините во турскиот град Кахраманмараш.

Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција, напиша Перндаровски на Фејсбук.

Од Генералштабот на Армијата синоќа информираа дека македонскиот армиски тим кој е ангажиран во градот Кахраманмараш помогна во успешната акција за извлекување на петодишно дете од урнатините. По шестчасовно расчистување на урнатините и дополнителни четири часа тие успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот