Пендаровски: Ако цената е да не бидеме Македонци и да не зборуваме македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ

Претседателот со коментар за изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ.

Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ, истакна претседателот Стево Пендаровски коментирајќи ја изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ.

-Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам, да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ, вели Пендаровски во интервјуто за емисијата „360 степени” кое ќе се прикажува вечерва на ТВ Алсат.

Шефот на државата одговара и на прашања за најавената лидерска средба, изборите и вонредната состојба. Тема се и безбедносните закани за земјава и состојбите во Агенцијата за разузнавање.

За лидерската вели дека во телефонски разговори потврди за присуство добил од лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, а во редовна комуникација е и со албанските политички партии. Лидерската, додава тој, би се одржала меѓу 10, 11 и 12 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот