Пекинг предупредува на можен „хаос и конфликт“ во Азија

Фото ЕПА

Азија мора да избегне хаос и конфликт или иднината на регионот ќе биде изгубена, изјави денеска премиерот на Кина, Ли Кечијанг на годишниот Форум Боао за Азија, што се одржува на кинескиот остров Хаинан.

– Во овој неизвесен свет, безбедноста што ја нуди Кина е сидро за светскиот мир и развој. Така беше во минатото и така ќе остане и во иднина, истакна Ли, додавајќи оти Кина ќе продолжи со реформите и отворањето.

Ли посочи дека и покрај слабите економски податоци во првите два месеци од 2023 година, Кина е на пат кон закрепнување по завршувањето на политиката со нулта стапка на Ковид, што беше укината во декември минатата година по ретките масовни протести во земјата.

– Кина ќе продолжи да бара напредок додека ја одржува стабилноста, ќе го консолидира и проширува моментумот на економското закрепнување и ќе го промовира севкупното подобрување на економските перформанси на Кина, наведе Ли.

Кинеската економија во 2022 година забележа раст само три проценти, што е најслаб перформанс во последните децении, со исклучок на 2020 година, кога коронавирусот го наруши бизнисот, патувањето и трговијата.

На Форумот пррисуствуваат десетици деловни лидери, вклучително и извршниот директор на „Епл“ (Apple), Тим Кук, главниот извршен директор на ХСБЦ, Ноел Квин и основачот на „Блекстон“ (Blackstone), Стивен Шварцман

Меѓу политичките лидери кои присуствуваат на настанот се шпанскиот премиер Педро Санчез, чија земја од 1 јули претседава со ЕУ, како и малезискиот премиер Анвар Ибрахим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот