Пекинг: Изјавата на комесарката на ОН за Хонгконг е грубо мешање во суверенитетот на Кина

Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Кина оцени дека „несоодветните” изјави на комесарката на ООН за човекови права Мишел Башеле за законот за национална безбедност во Хонгконг претставуваат „грубо мешање во суверенитетот и внатрешните работи на Кина”.

Башеле вчера изјави дека новиот кинески закон за Хонгконг „мора да биде во целосна согласност со обврските на Кина кога станува збор за почитување на човековите права” и меѓународните договори за заштита на граѓанските и политичките слободи.

„Овие изјави се грубо мешање во суверенитетот и внатрешните работи и ги кршат целите и принципите на Повелбата на ООН, поради што Кина изразува силно незадоволство и остро спротивставување”, се вели во соопштението на кинеската мисија во ООН во Женева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот