„Пеј на цел глас со ангелите“: Лидија Кочовска емотивна за роденденот на мајка ѝ
Лидија Кочовска сподели емотивна порака посветена на нејзината покојна мајка.
Препорачано
На својот инстаграм-профил, таа објави ретро-фотографија од мајка ѝ во младоста, со срцепарателна објава.
„Денеска ќе беше твој ден, мајко. Пеј на цел глас со сите наши, со ангелите. Неизмерно ми фалиш.“

Во своите неодамнешни гостувања во медиумите, Лидија Кочовска низ солзи направи споредба меѓу својот живот некогаш и сега, признавајќи дека болката не стивнува.
„Не сум истата, многу ми недостасува“, изјави пејачката за „Гламур“.
Покрај огромната лична тага, Лидија за јавноста го откри и своето големо разочарување од односот на општеството и државните институции во тие тешки моменти. Таа со револт и тага рече дека никој од надлежните не покажал почит кон ликот и делото на нејзината мајка кога таа починала.
„Никој не се јави, никој не дојде кога почина мајка ми“, рече Кочовска.
Деновите поминати во грижа за мајка си, особено драматичниот период за време на пандемијата, кога нејзината мајка поради напреднатата болест накратко се изгубила, оставиле трајни последици врз здравјето на целото семејство. Очајничката потрага и огромниот стрес резултирале со сериозен здравствен удар.
„Почувствував страшно сушење на устата, како да бев без плунка. Мислев дека ми е од низок притисок. Некој ми рече: ‘А бе, шеќер да провериш’. И дефинитивно беше тоа, 22 и пол шеќер“, откри Лидија.
Интересно и потресно е што во истиот тој исклучително тежок период, дијабетес бил дијагностициран кај сите три члена на семејството – кај Лидија, кај нејзиниот татко Панче, но и кај нејзината сестра, актерката Тања Кочовска.
Мајката на Лидија, Невена Кочовска, беше едно од најпрепознатливите и највпечатливите лица на македонската забавна, сериозна и староградска музика. Таа беше долгогодишен вокал на култниот македонски ансамбл Магнифико, кој со децении ја претставуваше македонската и латиноамериканската музика на сите меридијани ширум светот.
Заедно со својот сопруг Панче Кочовски, Невена испиша златни страници во македонската музичка историја и го пренесе својот раскошен талент на своите ќерки Лидија и Тања.
Невена Кочовска почина на 25 август 2022 година.
Лидија Кочовска лута: „Никој не се јави кога почина мајка ми“


