Педро е новата деветка на Лацио, падна традиција долга три и пол децении
Лацио официјално има нова деветка, поранешниот фудбалер на Рома Педро го крена шалот на „небесно-сините“ и така стана првиот фудбалер по 36 години кој ја напушти римската „волчица“, директно преминувајќи во редовите на лутиот градски ривал.
Препорачано
Летово, Лацио најпрво го ангажираше Маурисио Сари како нов тренер, а потоа за 5.700.000 евра ги донесе Фелипе Андерсон, Елсеид Хисај, Лука Ромеро, Димитријe Каменовиќ, завршувајќи со споменатиот Педро. Од тоа, 3.000.000 се исплатени zа Андерсон, 2.500.000 се потрошени за Каменовиќ и 200.000 за Ромеро.
По телефонскиот разговор со Сари, Педро се согласи да го раскине договорот со Рома, со која се согласи да не му биде исплатена августовската плата.
Тој доби договор од Лацио, што подразбира годишна плата од 2.500.000 евра.
Неговото искуство може сериозно да му помогне на Лацио во борбата за места кои водат во Лигата на шампионите. Тој одигра 40 натпревари за Рома со шест гола и седум асистенции.
? Introducing our new number 9️⃣#CMonEagles ? pic.twitter.com/xVUyxVqZvJ
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) August 19, 2021
View this post on Instagram


