Пчеларот кој стана градоначалник на Лепосавиќ на Косово, со месеци спие во канцеларија: Жена ми ќе ме остави!

Љуљзим Хатеми, градоначалник на Лепосавиќ, Косово со месеци спие во канцеларија/Фото: Скриншот/News24 Albania

„Запознајте го градоначалникот на општина Лепосавиќ, кој е отфрлен од повеќето жители и е заробен во тензиите меѓу Албанците и Србите кои ескалираа во насилство на почетокот на годината.

Вака Ројтерс ја започнува репортажата посветена на градоначалникот на северната општина Љуљзим Хетеми, кој, како што вели, од мај живее и спие во својата канцеларија, чуван од војници на НАТО и специјалната полиција на Косово.

„Кој сака да остане во канцеларија и да спие на столот? Како што знаете, почетокот беше многу тежок. Местото беше исполнето со полиција и специјалци. Ситуацијата беше многу напната. Кој ќе се држи подалеку од семејството, подалеку од децата. Ова е едноставно љубов кон татковината и кон суверенитетот“, вели Љуљзим Хетеми.

Хетеми, инаку е пчелар, а беше избран со само 100 гласа на изборите бојкотирани од етничките Срби, кои сочинуваат 97 отсто од вкупното население на Лепосавиќ.

Набргу откако тој ја презеде функцијата, насилните демонстранти ја опколија неговата канцеларија барајќи негова оставка. Хетеми одбил и вели дека од 29 мај е внатре во зградата, без ниту еден ден поминат во сопствениот дом.

„Сопругата ми вели: ќе се вратиш дома или ќе те оставам… Се шегувам дека знае зошто сум тука… нема проблем“, продолжува Хетеми.

Како што раскажува, подоцна нашол кревет за да ги замени столовите на кои порано спиел, ставајќи го во соба во непосредна близина на канцеларијата, каде што се среќава со меѓународни претставници и претставници на НАТО кои се обидуваат да спречат понатамошно насилство и да најдат начин за одржување нови избори.

На ѕидовите висат свечени костуми додека на масата се гледаат три тегли со мед, од кои едната е речиси празна. Поранешниот општински персонал одби да му служи на албанскиот градоначалник и беа заменети со 75 други вработени кои исто така се Срби.

Хетеми вели дека внимавал да не допира ништо што припаѓа на претходната администрација, вклучително и десетици алкохолни пијалоци.

„Ништо не сме допреле. Ниту алкохолните пијалоци, книгите, српските знамиња, ниту нивните слики, сликата од Патријархот Павле… Кога ќе дојдат, ќе најдат сè како што оставиле, бидејќи ние не сакаме да уништиме ништо“, продолжува Хетеми.

Единствениот излез што Хетими го прави секој ден е на балконот, каде што навлегува во свеж воздух и ги гледа војниците на НАТО од третиот кат. Тој вели дека е подготвен да го заврши својот мандат кога ќе се распишат нови избори, но сè уште нема договор за тоа во преговорите меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ.

Во знак на напредок, локалните жители ги побараа службите на градоначалникот за да ги регистрираат нивните возила. Премиерот Курти го одреди 15 декември како краен рок за регистрација на околу 10.000 возила со косовски регистарски таблички, во спротивно ќе се соочат со високи казни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот