Патував од Виена со автобус и по еден час почувствував дека ме допира нечие БОСО СТАПАЛО: Неговото НАСМЕАНО ЛИЦЕ ме прогонуваше се до Панчево!

Дека се почести се ситуациите во кои жените на јавни места не се чувствуваат безбедно доказ е и виралната приказна на авторката Д.В која својата стресна ситуација на пат од Виена до Панчево ја споделила со пријателите на Фејсбук и предизвика бурни реакции.

Сигурни сме дека секоја жена, без оглед дали во мрачна улица, полупразен градски превоз во доцните часови, па дури и во лифтот од својата зграда, барем еднаш дошла во ситуација поради некој нападен маж да се чувствува загрозено и небезбедно. Некогаш само еден поглед е доволен, а некогаш и многу повеќе од тоа, како што е оваа приказна.

Своето искуство оваа жена го прераскажала на Фејсбук, а ние ви го пренесуваме во целост.

Влегувам во автобусот Виена – Панчево, ненападно облечена, со слушалки во ушите, без грам шминка, седнувам на своето место без никаква комуникација со околината. На столчето покрај моето ја ставам торбата.

Еден час подоцна:

Чувствувам како нешто ме допира по листовите од нозете. Спијам во седечка позиција, несвесна точно каде сум и само ја поместувам ногата накај себе. Чувството на допирање не исчезнува, туку станува се поинтензивно и почнувам да сфаќам дека не е ниту кеса ниту јакна. Отворам очи и гледам човек од седиштето од другата страна на автобусот како бос со своите стопала мртов ладен ме допира по моите нозе. Да се разбереме, јас прилично цврсто спијам, тоа морало да трае минимум десет минути за да ме разбуди.

Прочитајте и...  Колку се богати жените околу Трамп? Пари од моделинг, брендови и разводи - МНОГУ! (ФОТО)

Го погледнувам намќоресто, тој се смее и продолжува со стопалата да ме допира по колената. Многу грубо го прашав: ШТО ПРАВИТЕ? Вели „извини“ ме гледа директно во очите и продолжува предизвикувачки да ми се смее. Во тој момент посакав да му се пожалам на некого, но јасно ми е каде живеам, дека и возачот и кондуктерот се мажи, дека тој би рекол дека се шегува, а дека јас би испаднала хистерична и „не знае за шега“ жена и затоа молчам и се поместувам на седиштето до прозор и на делот од подот каде што ми беа нозете ставам кеса.

Три часа подоцна:

Излегуваме на граница поради пасошка контрола.
Тој чека на вратата да пројдам. Немам друга врата како опција. Поминувам покрај него, ме фаќа за раката, повторно ме гледа директно во очи, повторно иритантно се смешка и ми вели: ЗНАЕШ, ТОА НЕ БЕШЕ СЛУЧАЈНО. Ја тргам раката, го погледнувам намќоресто, не преговарам и продолжувам кон шалтерот како да е воздух.

Прочитајте и...  Експрес кифли: Брзо и вкусно, нема да можете да им одолеете!

Еден час подоцна:

На српската граница само ги даваме пасошите, не се излегува. Добро е. Возачот ми го враќа пасошот, ликот се истегнува кон него, со намера да го прочита моето име.

Еден ипол час подоцна:

Застануваме на бензинска, излегувам да појадувам, се враќам во автобусот. Стои на вратата на кафулето на бензинската (морам да пројдам тука) се обидува нешто да ми дофрли, го пресекувам со погледот и влегувам во автобусот.

Два часа подоцна:

Пристигнавме во Панчево: Треба да излезам од автобусот во 4,45 во град во кој не го знам толку многу, а тука е и ликот со чудно однесување кој од целиот автобус ме најде токму мене да ми се закачи и воопшто не ми е сеедно. Останувам последна во автобусот, чекајќи да си замине. Не заминува. Возачот најавува дека се движи кон Пожаревац, морам да излезам. Излегувам. Уште е тука. ЕЈ, ДЕВОЈКО, повторно го пресекувам со погледот, излегувам на станицата во чекалната.

Прочитајте и...  Ќерката на познатата ѕвезда од „Беверли Хилс“ е вистинска убавица - Има 18 години и неодоливо потсетува на мајка и! (ФОТО)

За едно десет минути тој заминува од станицата, се враќам и конечно влегувам во автобусот за Белград.

Размислувам колку е идиотска ситуацијата и колку е лошо тоа што кога си женско секој ден се соочуваш со некои провокации поради кои не се чувствуваш безбедно или непријатно, а начелно нема начини ефикасно да реагираш.

Доколку се пожалиш, тие секогаш се „шегуваат“, а ти „претеруваш“ и сама си го бараш така облечена. Основа законски да го гониш немаш бидејќи никој нема сериозно да те сфати и немаш докази. Да влезеш во директен судир можеш, но тоа е ризик, бидејќи да станува збор за нормална личност, таа личност би знаела дека не треба да допира луѓе во автобус, а што може да ти направи некој таков никогаш не знаеш и не сакаш да ризикуваш.

Прочитај повеќе

Две години ги избегнуваше медиумите поради уништеното лице: Познатата актерка е свесна дека претерала со операциите! (ФОТО)

Слободен печат

Гореше стан на вториот кат, три храбри момчиња се искачија и го спасија старецот од сигурна смрт (ВИДЕО)

Слободен печат

Ќерката на познатата ѕвезда од „Беверли Хилс“ е вистинска убавица – Има 18 години и неодоливо потсетува на мајка и! (ФОТО)

Слободен печат

НЕ НИ ПРОБУВАЈТЕ: Жените во овие три хороскопски знаци не можете да ги надмудрите

Слободен печат

Том Круз поради „Невозможна мисија“ гради „Корона-фри“ село: Луѓето на снимање ќе влегуваат преку „балони“

Слободен печат

Направете си комплетен пилинг барем еднаш неделно – Најдобрите домашни пилинзи за вашето тело (РЕЦЕПТИ)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најплатената славна личност за 2020 – Заработила многу повеќе од Роналдо, Федерер и Меси заедно (ФОТО)

Слободен печат

Како да го проверите квалитетот на прашокот за перење кој го користите?

Слободен печат

Колку се богати жените околу Трамп? Пари од моделинг, брендови и разводи – МНОГУ! (ФОТО)

Слободен печат

Многу важни правила за среќно семејство – Внесете благосостојба и љубов во домот уште денес!

Слободен печат

Канје Вест ќе го плати школувањето на ќерката на Џорџ Флојд

Слободен печат

Не поставувајте сами дијагноза – Еден од најголемите митови за високиот притисок

Слободен печат