Патот до успехот на Џорџина Родригез: Како успеа да стане една од најпознатите инфлуенсерки и девојка на Кристијано Роналдо

Instagram

Со 17 милиони следбеници на Инстаграм, таа е една од најпознатите личности, а минатата година и самата потпиша договор и стана заштитно лице на познат бренд за долна облека и костими за капење.

Денес нејзиниот живот изгледа како сон, но патот до успехот не бил едноставен. За се што има, Џорџина се има изборено самата.

Таа е родена на 27 јануари 1994 година во Буенос Ајрес, а на мала возраст со семејството се преселила во шпанското градче Јака, каде нејзиниот татко дошол поради фудбалот. Тој бил фудбалер, но не стигнал подалеку од аргентинската лига. После преселбата, тој работел како тренер. Џорџина уште од 4-годишна возраст ја открила својата прва голема љубов. Таа заминала на академија за танц.

View this post on Instagram

@yamamayofficial ⚓️?❤️

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Скромната девојка со совршени телесни пропорции (85-62-90) месечно заработувала околу 300 евра кога се запознала со Роналдо во бутик во Мадрид.

Брзо после тоа се сретнале на настан и тогаш опуштено разговарале.

„Тоа беше љубов на прв поглед“, рекла Џорџина.

Во Шпанија живеела со својата сестра која била студентка, немале доволно пари и живееле во скромен стан. Џорџина уште од тинејџерка имала голема желба за успех.

„Не бев баш убаво дете. Сигурно не бев најубава во одделениото. Едноставно, се чувствував нормално. Танцот ме научи на дисциплина и на љубов кон уметноста“, раскажала Џорџина.

Подоцна отишла во Бристол за да го усоврши англискиот јазик и да се вработи како дадилка.

„Бев и чистачка, ништо не ми беше проблем“, признава Џорџина.

Денес со Роналдо е на врвот на светот, а заедно со фудбалерот се грижат за четирите деца, најстариот син на Роналдо Кристијано јуниор, близнаците Ева и Матеа кои ги родила сурогат мајка и нивното биолошко дете, ќерката Алана Мартина.

Фудбалерот на Јувентус признал дека неговата мајка сонува како тој оди кон олтарот до Џорџина, пренесува Сан.

„Многу ми помогна. Секако, вљубен сум во неа“, рекол Кристијано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот