Патници се надеваа дека ќе „патуваат низ времето“ за двапати да ја прослават Новата година, но на крајот се разочараа

Јунајтед ерлајнс / Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

Патниците на летот на Јунајтед ерлајнс кои се надевале дека ќе патуваат „назад во времето“ за Новата година, ја започнаа годината со несреќен почеток.

Летот УА200 првично требал да тргне од Гуам во 7:35 часот на 1 јануари 2024 година и да слета во Хонолулу, Хаваи во 18:50 часот, на 31 декември 2023 година. Ова патување низ временските зони првично требало да ги врати патниците една година назад, пишува Си-Ен-Ен.

„Живееш само еднаш, но можеш двапати да ја прославиш новогодишната ноќ!“ твитна Јунајтед ерлајнс претходно таа недела. Во посебна објава на Инстаграм за летот УА200, компанијата напиша: „Патувањето низ времето е реално“.

Патувањите низ временските зони за Нова година не е нова практика – секоја година, неколку летови им нудат на патниците шанса повторно да ја прослават новогодишната ноќ, при што екипажот на авиокомпанијата понекогаш ја одбележува приликата повеќе пати во една рута.

Но, оние на УА200 на крајот се разочарале. Летот бил одложел, а на крајот полетал од Гуам во 13:49 часот на 1 јануари и слетал во Хонолулу во 12:34 часот на 1 јануари, пропуштајќи го одбројувањето.

Неколку патници ги изразија своите поплаки на социјалните мрежи.

„Одлична идеја, штета што се одложи! Требаше да бидам на овој лет. Двојната Нова Година повеќе нема да се случи“, напиша едно лице под оригиналниот твит на Јунајтед ерлајнс.

„Го резервирав овој лет специјално за да можам да го направам тоа“, гласи друг коментар. „Добив известување за одложување што значи дека нема да ја дочекаме Новата година во Хонолулу“.

Авиокомпанијата одговори на Икс нудејќи им на патниците помош за пререзервирање.

Патниците на други точни летови имаа подобра среќа – на пример, летот CX872 на Катхеј Пацифик, кој полета од Хонг Конг после 1 часот по полноќ на 1 јануари и пристигна во Сан Франциско во 20:22 часот на 31 декември; и летот НХ106 на Ол Нипол Ерлајнс, кој полета од Токио во 12:48 часот на 1 јануари и слета во Лос Анџелес во 17:12 часот на 31 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот