Партизан против АЕК Ларнака во квалификациите за Лига Европа
Фудбалерите на Партизан од Србија ќе играат во првото коло од квалификациите за Лигата на Европа против кипарскиот тим АЕК Ларнака, така одлучи денешната ждрепка во Нион, Швајцарија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
АЕК Ларнака ќе биде домаќин на првиот натпревар на 10 јули, додека реваншот ќе се игра една недела подоцна.
Белградските „црно-бели“ веќе имаа лошо искуство со АЕК во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа пред три сезони. Мечот во српскиот главен град заврши нерешено (2:2), а на возвратниот дуел подобра беш екипата на АЕК Ларнака со 2:1.
Партизан последен пат играше во групната фаза од Лигата на Европа во сезоната 2019/20, кога го завршија натпреварувањето на третото место во Групата Л – зад Манчестер јунајтед и АЗ Алкмар, а пред Астана.
Лига Европа 2025/26
Прво квалификациско коло, двојки –
Шахтјор Доњецк (Украина) – Илвес Тампере (Финска)
Шериф Тираспол (Молдавија) – Приштина (Косово)
Спартак Трнава (Словачка) – Хакен (Шведска)
Сабах (Азербејџан) – Целје (Словенија)
Легија Варшава (Полска) – Актобе (Казахстан)
Левски Софија (Бугарија) – Хапоел Беер Шева (Израел)
АЕК Ларнака (Кипар) – Партизан (Србија)
Пакси (Унгарија) – Клуж (Романија)


