Партизан Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Партизан победи на првиот натпревар во ерата без Обрадовиќ – во Белград падна Баерн

Белградски Партизан запиша значајна победа во 14. коло од Евролигата, совладувајќи го Баерн Минхен со 92-85 во Белградската арена.

Партизан на овој натпревар беше воден од Мирко Оцоколиќ, кој на својот дебитантски европски настап успеа да ја донесе екипата до важна победа. Партизан сега има биланс 5-9, ист како и Баерн, и останува во игра за повисок пласман.

Клучниот пресврт се случи на стартот на последната четвртина, кога Двејн Вашингтон и Ник Калатес ја презедоа контролата и поведоа серија која му донесе на Партизан предност од +14. Баерн успеа делумно да ја намали разликата, но домашниот тим се консолидира и ја задржа предноста до самиот крај.

Најистакнати кај Партизан беа Тајрик Џонс со 21 поен и 9 скокови, Двејн Вашингтон со 22 поени и 9 асистенции, додека Исак Бонга додаде 10 поени. Кај Баерн, Спенсер Динвиди постигна 25 поени, Владимир Лучиќ 17, а Јоханес Војтман имаше импресивни 10 поени и 18 скокови.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот