Раул Гонзалес/Rukometni savez Srbije

Партизан има големи планови – се договори со Раул Гонзалес

Поранешниот тренер на Вардар и актуелен селектор на српската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, се очекува да ја преземе клупата на Партизан, пренесува „Моцарт Спорт“.

Според најавите, Гонзалес ќе стане нов шеф на стручниот штаб на белградскиот клуб од летниот период, кога сегашниот тренер Ѓорѓе Чирковиќ ќе го напушти кормилото на екипата.

Амбициите на Партизан за следниот период се исклучително високи, а централна фигура во проектот треба да биде токму шпанскиот стратег кој со Вардар го освои трофејот во Лигата на шампионите. Бело-црните оваа сезона добија покана за настап во ЕХФ Лигата на Европа, додека за следната година ја најавуваат својата кандидатура за место во елитната Лига на шампионите.

Веќе излегуваат на површина и првите детали околу договорот, според кои Гонзалес би требало да потпише двегодишна соработка, односно договор до 2028 година, кога истекува и неговиот мандат како селектор на Србија.

Србија запиша голема победа против Германија на Европското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот