Парно сигурно ќе има ама по која цена се’ уште не се знае

Марко Бислимовски / Утрински брифинг

На девет дена пред официјалниот старт на грејната сезона сѐ уште нема одлука која ќе биде цената на парното. Како што уверуваат од Регулаторната комисија за енергетија скопјани со сигурност нема да останат без парно греење. Во моментов главна цел е најголем дел од топлинската енергија да дојде од ТЕ-ТО, за да има што помалку трошоци вели првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски. Ситуацијата е проблематична затоа што со месеци траат натегањата помеѓу ЕСМ и Град Скопје околу тоа кој е надлежен за новиот топловод на мостот „Беласица“, а решение на проблемот со цевките се уште нема. Од РКЕ велат дека во сите калкулации, главна цел ќе биде да се сочува ценовната стабилност.

„По информациите што ги имам, нема никаков проблем помеѓу ЕСМ и Град Скопје. Но, кога официјално ќе добиеме цврсто уверување дека ќе започне тој проект да се реализира, ние ќе ја донесеме и нема да дозволиме ценовни шокови. Поентата е што е можно повеќе топлинска енергија да ни дојде од ТЕ-ТО за да ги намалиме трошоците на целокупниот систем“, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Претседателот на РКЕ потврди и дека евтината дневна тарифа на електричната енергија започнува со примена од 1 декември. Ќе важи во периодот од 13 до 15 часот, а во првите десет дена од месец декември најголем дел од домаќинствата ќе имаат пристап до истата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот