Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Парис Хилтон старее „наназад“, сака да живее вечно: „Тоа е планот“

Атрактивната ѕвезда на реалните шоуа Парис Хилтон неодамна сподели дека е премногу горда на нејзиниот изглед, кој е комплетно природен. Во поткастот на Зак Санг таа изјавила дека никогаш не направила никаква хируршка интервенција за да изгледа убаво.

Во епизодата Парис откри како го одржува својот младешки изглед без да оди под нож или вбризгува ботокс. Зак најпрво го пофалил нејзиниот изглед велејќи дека „старее наназад“, а потоа ја прашал како успева во тоа.

Парис му се заблагодари и го спомена „Бенџамин Батон“, мислејќи на филмот на Бред Пит од 2008 година заснован на расказот на Ф. Скот Фицџералд од 1922 година насловен „Чудниот случај на Бенџамин Батон“, титуларниот лик кој старее обратно.

„Се чувствувам навистина горда што сум природна, се држев настрана од сонцето. Никогаш не ставав ботокс, инјекции, ниту направив операција …“.

Тајната е всушност грижата за себе, која ја научила уште од најмала возраст од нејзината мајка Кети Хилтон.

„Мајка ми мѝ рече кога имав 8 години: „Париз, држи се подалеку од сонце“, а потоа ме научи на неверојатна рутина за нега на кожа во 10 чекори. Така, буквално го правам од 8 години“.

Парис објаснила уште еден од нејзините методи, кој вклучува домашен спа-центар исполнет со основна опрема за нега на кожата што се користи во спа објекти.

„Исто така, изградив спа-центар во мојата куќа, ги има најепските ЛЕД светилки, хидрафацијални машини, хипербарична комора, криотерапија. Во основа, тоа е вистински спа-центар“.

Зак коментирајќи го името на спа центарот на шега рече дека таа има за цел да „живее засекогаш“ а таа му одговори: „Тоа е планот“, додека дека засекогаш не е доволно, затоа и го има тоа дома.

Парис и Кратер Реум се верија во 2021 година по две години врска. Двојката има две деца, Феникс, 22 месеци и Лондон една година.

ФОТО | Парис Хилтон за првпат покажа како изгледа нејзината ќерка: Го ценам секој момент со неа

ФОТО | Парис Хилтон позираше целосно гола: Носи само наочари и изгледа бомбастично

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот