ФОТО | Парис Хилтон за првпат покажа како изгледа нејзината ќерка: Го ценам секој момент со неа

Парис Хилтон и Картер Реум со децата / Фото: Принтсркин / Инстаграм

Парис Хилтон (43) која во ноември го доби своето второ дете со помош на сурогат мајка, за првпат покажа како изгледа нејзината ќерка Лондон. 

Таа на својот инстаграм-профил сподели неколку фотографии од ќерка си и од целото семејство.

Парис Хилтон и Лондон/ Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Ви ја претставувам Лондон Мерилин Хилтон-Реум. Сонував да имам ќерка по име Лондон од кога се сеќавам. Толку сум благодарна што таа е тука што навистина го ценам секој момент што го поминувам со неа. Заедно со Феникс, моите ангелчиња ми покажаа љубов која не ни знаев дека може да биде толку длабока пред да станам нивна мајка. Моето неверојатно патување низ мајчинството инспирираше нова, длабоко лична песна со мојата драга пријателка Сиа наречена ‘Fame Won’t Love You’“, пишaла Парис покрај фотографиите.

Парис Хилтон и Лондон/ Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Песната служи како потсетник дека посебната врска што ја чувствувам со моите деца, сопруг и семејство е повредна од што било друго на светот. Тоа е химна која ќе ве поттикне да ги држите вашите најсвети односи уште поблиску до срцето – без разлика дали со семејството, пријателите или со себе. Се надевам дека ќе го сакате исто како и јас“, напиша Парис.

Парис Хилтон и Картер Реум со децата / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, ова е нејзиното второ дете со сопругот Картер Реум (42). Двојката веќе го има синот Феникс, кој исто така го добија благодарение на сурогат мајка.

Парис Хилтон и Феникс / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Хилтон стапи во брак со Реум во 2021 година. По неуспешните обиди да станат родители, по природен пат и со ин витро, тие решиле да добијат дете со помош на сурогат мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот