ФОТО | Парис Хилтон го откри името на синот: Го именуваше по моќна птица од грчката митологија

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Богатата наследничка Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син преку сурогат-мајка, а среќната вест дека чекаат бебе ја чуваа во строга тајност. Ова е прво дете на Парис, а второ на нејзиниот сопруг кој има 10-годишна ќерка која наводно ја видел само еднаш во животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


Еден месец по откривањето на среќната вест славната мајка го откри името на новородениот син.

„Моето прекрасно момче се вика Феникс Барон Хилтон Реум. Картер и јас сме многу горди што му посакавме добредојде на овој свет“, рече таа во подкастот „This is Paris“. Манекенката изјавила дека планира да добие ќерка, на која ќе и го даде името Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

„Со години размислувам за имињата на бебињата“, додаде Парис, истакнувајќи дека Феникс се залага за „надеж и повторно раѓање“. Средното име на момчето, Барон, го избрала Парис во чест на нејзиниот покоен дедо, Барон Хилтон.

За потсетување, Парис Хилтон на крајот на јануари го изненади светот со фотографија на Инстаграм на која објави дека станала мајка.

„Да бидам мајка отсекогаш ми беше сон. Многу сум среќна што Картер и јас се најдовме. Возбудени сме што ќе продолжиме да го градиме нашето семејство заедно. Нашите срца ќе пукнат од љубов кон нашето мало момче“, таа рече тогаш. Инаку, сопружниците добија дете преку сурогат мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Ова е прво дете на Хилтон, додека нејзиниот сопруг Картер Реум веќе има ќерка (10) со ријалити ѕвездата Лаура Белизи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот