Парична казна за тетовец кој на Фејсбук ја навреди поранешната амбасадорка на САД

Основно Јавно Обвинителство Тетово / Фото: Архива

Четириесетгодишен тетовец се товари за кривично дело повреда на угледот на странска држава, кој на 12 декември минатата година со вулгарен коментар на Фејсбук ја изложил на подбив тогашната амбасадорка на САД, Кејт Брнз.

Со коментар со вулгарна и навредлива содржина на социјалната мрежа Фејсбук, на 12.04.2022 година, обвинетиот ја изложил на подбив тогашната амбасадорка на САД во земјава и на тој начин го сторил кривичното дело, соопштија од Службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот суд во Тетово да му изрече на обвинетиот парична казна од 100 дневни глоби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот