ПАРФЕМИ СО МОШУС: Кога е вистинско време да ги користите?

парфем
Фото Профимедиа

Мошусот е една од најпопуларните мирисни ноти и го има во многу комбинации во популарните парфеми. Постојат и парфеми со чист мирис на мошус, за кој и мажите и жените се колнат дека делува како афродизијак.

Неговата популарност го прави и омилен избор, било кај мажите или жените. Се верувало дека уште во антиката се користел во пригоди на додворување и заведување. Има нежен мирис кој остава впечаток на мистерија, елеганција и самодоверба.

Мошусот, односно чистото есенцијално масло, го продолжува мирисот на другите ароми во парфемите. Поради недостапноста и високата цена, комерцијалните парфемски брендови користат синтетички мирис на мошус, кој го има истиот пријатен, женствен и сензуален мирис.

Во зависност со какви ароматски ноти е комбиниран, може да биде дел и од дневни и лесни и од вечерни и ориентални мириси. На вас е да изберете кога ќе го користите.

Многу дами користат масло од мошус како основа и врз него нанесуваат друг парфем, со што се добива сложеност на мирисите. Одберете го својот омилен парфем и бидете сигурни дека со мошусот секогаш сте го направиле вистинскиот избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот