Парадокс кај децата кои примаат хормон за раст: Добиваат лек, но не и игла за да го примат

Надлежните институции Министерството за здравство и Клиниката за детски болести каде ја добиваат терапијата меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за овој пропуст.

Стотина деца кои примаат терапија со хормон за раст бидејќи имаат нарушување на растот не добиваат игли со кои треба да ја аплицираат терапијата, па мора да ги купуваат приватно. Надлежните институции Министерството за здравство и Клиниката за детски болести каде ја добиваат терапијата меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за овој пропуст. На помош се јавуваат други пациенти кои се на инсулинска терапија. Тие се организираат на социјалните мрежи за да обезбедат игли за децата кои примаат хормон за раст.

“Децата кај нас кои се на терапија со хормон за раст терапијата ја примаат на ист начин како нашите слаткиши, преку пенкало налик на инсулинското. За тие пенкала не им следуваат игли. Мал парадокс во нашата чудесна… Токму затоа, кој има вишок игли, ве молам да се договориме и да им дадеме игли“, пишуваат пациентите на социјалните мрежи.

Од Здружението на граѓани „РАСТ“ потврдуваат дека постои проблем и се благодарни на оние кои се организираат да им помогнат. Од здружението објаснуваат и дека проблемот постои уште од кога се дава оваа терапија, но за одговор на прашањето зошто е тоа така упатуваат до надлежните институции.

Од Клиниката за детски болести велат дека иако таму се дава терапијата одговор на прашањето зошто иглите мора д се купуваат приватно треба да даде Министерството за здравство.

Оттаму пак топката ја префрлаат на Клиниката за детски болести со објаснување дека оваа терапија се обезбедува преку програма која ја реализира клиниката.

Овие пациенти речиси постојно имаат проблем и со добивање на терапијата, бидејќи добивањето на лекот се финансира преку посебна програма со однапред утврден буџет кој тешко се зголемува. Ови1е деца доколку не се лекуваат имаат зголемена појава на срцеви заболувања, депресии, зголемена тежина, мозочни удари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот