Папата Франциск се извини за инцидентот во кој удри жена по рака додека таа му се поклонувала

Фото: Принтскрин

Инцидентот се случил додека папата Франциско се движел во центарот на Ватикан.

Снимката во која се гледа како папата Франциск удира по рака жена која му се поклонувала го обиколи светот, а набргу по тој инцидент следуваше и извинување од папата.

Инцидентот се случил додека папата Франциско се движел во центарот на Ватикан.

Овој потег на папата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а додека едни сметаат дека неговата реакција била претерана, други тврдат дека немал избор и дека морал некако да се ослободи од жената која одеднаш го повлекла кон себе, обидувајќи се нешто да му каже.

Само еден ден по инцидентот, следуваше и извинување од папата Франциск.

-Сите ние често го губиме трпението, па тоа ми се случува и на мене. Се извинувам за лошиот пример кој го дадов вчера – рекол папата пред денешната миса во Ватикан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот