Папата Франциск: Успехот на конференцијата КОП26 е од витално значење бидејќи „времето истекува”

Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Папата Франциск денеска побара од шкотските католици да се молат за успех на конференцијата КОП26 на ОН за климатските промени во Глазгов, бидејќи „истекува времето” за спас на планетата.

Папата Франциск во писмо изразува жалење што не присуствувал на отворањето на конференцијата како што првично се надевал, но ги покани сите да се придружат во молитвата за плоден исход.

„Овој собир треба да се осврне на еден од најголемите морални проблеми на нашето време: зачувувањето на Божјото создание, дадено како градина што треба да се обработува и како заеднички дом за нашето човечко семејство”, напиша тој во писмото што го објави Ватикан.

Тој побара „мудрост и сила” од учесниците и да ги имаат на ум идните генерации.

„Времето истекува, оваа можност не смее да се пропушти”, нагласи тој.

Во формалната порака до конференцијата прочитана во негово име на 2 ноември, папата Франциск рече дека двојните рани нанесени од пандемијата на Ковид-19 и климатските промени се споредливи со оние нанесени од глобалниот конфликт и со нив треба да се соочи на ист начин.

Папата (84) кому климатските промени му се во фокусот на понтификатот, неколку пати изјави дека се надева дека ќе присуствува на самитот КОП26, но Ватикан на 8 октомври соопшти дека кардиналот државен секретар Пјетро Паролин ќе ја предводи делегацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот