Папата Франциск именуваше 21 нов кардинал
Папата Франциск објави дека во август ќе назначи 21 нов кардинал, вклучително и Италијанец кој ја води црквата во Монголија, повторно ставајќи го својот печат на иднината на католицизмот.
Препорачано
Од 21, 16 се кардинални електори помлади од 80 години и на тој начин имаат право да влезат во конклава за да го изберат неговиот наследник по неговата смрт или оставка.
По церемонијата на 27 август на официјалното нивно поставување, позната како конзисторија, Франциск ќе назначи околу 83 од околу 133 кардинални електори, зголемувајќи ја можноста негов наследник да биде човек кој ќе ја одразува неговата позиција за клучните прашања.
Дотогаш Франциск ќе назначи околу 63% од кардиналните електори, дополнително ќе го зголеми нивното присуство во светот во развој и повторно ќе ја олабави контролата што Европа ја имаше врз Колеџот на кардинали.
Меѓу новите електори е и надбискупот Џорџо Маренго, Италијанец кој моментално е администратор на Католичката црква во Монголија. Земјата се граничи со Кина, каде Ватикан се обидува да ја подобри ситуацијата за католиците.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
7час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


