Папагали окупирале цел град во Аргентина и ги излудуваат жителите: Гризат електрични кабли, прават бучава и оставаат измет

Илустрација / Фото: BRUCE BENNETT / Getty images / Profimedia

Градот Хиларио Аскасуби во близина на источниот атлантски брег на Аргентина се бори со наездата на илјадници папагали кои, според биолозите, ги напуштиле околните ридови по уништувањето на шумите.

Во последниве години, папагалите бараат засолниште во градот во текот на есента и зимата, предизвикувајќи различни проблеми, вклучително и прекин на електричната енергија по гризењето на електричните кабли, правејќи неподнослива бучава и оставајќи измет насекаде, објави „Ројтерс“.

Биологот Дајана Лера вели дека уништувањето на шумите во ридовите предизвикува папагалите да дојдат во градот за да најдат храна, вода и засолниште, истакнувајќи дека голем дел од шумското земјиште во Аргентина е исчистено со текот на годините.

Според локалните жители, понекогаш има и до 10 папагали на секој од 5.000 жители на градот Хиларио Аскасуби.

Жителите велат дека пробале различни методи за да ги исплашат папагалите, вклучувајќи бучава и ласерски светла, но ништо не успеало. Во текот на летото, папагалите мигрираат на југ до карпите на Патагонија за сезоната на парење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот