Паника на Малта вечерва, силен земјотрес во Средоземното Море

Фото: earthquake.usgs.gov

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Средоземното Море, вечерва во 20 часот и 55 минути предизвика вознемиреност кај жителите на Малта.

Епицентарот на потресот бил на 113 километри од главниот град на Малта, Валета, помеѓу државата и африканското копно, а според ЕМСЦ, тој бил почувствуван низ цела Малта.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а освен на Малта, почувствуван е и на италијанскиот остров Сицилија.

Во последниот месец на Малта имаш поголем број потреси со магнитуда од 4 до 5 степени, а експертите велат дека островот не е вообичаено место на кое се забележува ваква тектонска активност. Според малтешките медиуми, во земјата и околу неа немало земјотрес посилен од 5 степени најмалку сто години наназад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот