Пандев на удар на италијанскиот министер за спорт, не требал да ги гушка соиграчите

EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, се најде на удар на италијански власти по победата на неговата Џенова од 2:1 над Милан.

Итaлијанскиот министер за спорт, Виченцо Спадафора, е лут на Пандев бидејќи во еуфоричната прослава на постигнатиот гол за своата екипа, се гушкал со соиграчите.

– Фудбалот продожува да поставува лош пример. Изливот на емоции на Пандев, прегрнувањето со соиграчи е најдобар доказ за тоа. Мора да носиме одлуки кои ќе го штитат здравјето на Италијанците – изјави Спадафора.

Поради епидемијата на коронавирусот, сите спортски натпревари во Италија до 3 април ќе се играат без присуство на гледачи, додека утре ќе се разговара за евентуална суспензија на Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот