Пандев ќе добие ќотек ако спомне пензија

Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Тренерот на Џенова, Давиде Балардини беше воодушевен од играта на Горан Пандев кој ги постигна двата гола за својот тим во победата над Наполи од 2:1.

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, најави дека планира да стави крај на фантастичната кариера по настапот на Европското првенство ова лето, но неговиот тренер во Џенова, му се „закани“ со ќотек доколку помисли на такво нешто.

Балардини по триумфот над Наполи, во шега изјави дека Пандев ќе добие ќотек доколку се пензионира и го сака во својот тим и идната сезона.

– Да го имаш Пандев во тимот е голема чест, тој е играч со карактер, што на тренерите им ја олеснува задача кога е крај вас. Ќе тераме заедно до крајот на сезонава, а потоа ќе видиме… Доколку реши да се пензионира, ќе го тепам, нема да кажам на никој, ама ќе го тепам. Тој се плаши од мене – шеговито прокоментира Балардини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот