Панчо ме смируваше со сестра ми – Елена Ристеска со емотивен спомен
Фановите на Елена Ристеска ја разнежија јавноста, откако на социјалните мрежи сподели фотографија со Панчо од ДНК и потсетија на нивната заедничка песна „Како да се радувам“, која на Јутјуб достигна над 800.000 прегледи.
На фотографијата, Елена и Панчо позираат во елегантно издание, а објавата доби дополнителна емоционална тежина по трагичната смрт на музичарот. „Rest in peace“, напишаа фановите на пејачката на Инстаграм страницата risteskaslegacy за нивното пријателство и музичка соработка.
Препорачано
Песната „Како да се радувам“ беше објавена пред десет години, во 2016 и доби нааграда за радиски хит на годината на фестивалот МАРС. Песната беше интересен музички спој меѓу Елена Ристеска и Панчо од ДНК, а публиката особено ја прифати поради певливиот рефрен.
View this post on Instagram
Владимир Блажев -Панчо, почина на 14 октомври лани, по седум месеци борба со тешките повреди здобиени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март во 2025.
„Најголем страв му беше да ги остави децата без татко како што растеше тој“, рече за „Слободен печат“ Елена по загубата на Панчо.
„Не можам да одберам зборови за да искажам колку сум во неверување и шок. Како да сум во сон и чекам да се разбудам. Многу ми е тешко ова, тешко како планина. Од срце се надевав дека ќе се избори, затоа што знам колку беше борбен во животот. Панчо ми беше близок како брат, му се доверував и тој мене дури и за најинтимни работи. Се случуваше да се потскарам со сестра ми, како и сите сестри, а тој ме смируваше со неа. “, додаде пејачката.


