Панчо беше „мотор“ на ДНК – за настапи за други музичари сум се договарал со газда Деко или со син му, сведочи соработник на ДНК
„Панчо беше мотор на групата ДНК и заради него групата постоеше 20 години“, сведочеше неофицијален соработник на ДНК кој бил и естраден новинар и работел како односи за јавност и букинг менаџер на групата, кој ја објаснуваше улогата членовите во бендот.
Препорачано
Тој не го договарал нивниот настап во кабарето „Пулс“ трагичната вечер, но како официјален соработник на пејачот Влатко Лозановски и на други музичари, настапите во „Пулс“ ги договарал со газдата на кабарето Дејан Јованов Деко и со неговиот син Михајло.
Тој објаснуваше дека организацијата на настанот била обврска на тие што ќе ги викнат пејачите да настапуваат, односно сопствениците на локалите кои никогаш не напоменувале за безбедносните аспекти.
-Јас не сум лице кое требало да проверува дали дискотеката е направена од картон или ѕид. Ако ме викнете во вашиот дом не знам дали е направен од пластелин – рече Спасовски.
Тој објаснуваше дека музичарите речиси никогаш не склучувале писмени договори со газдите на локалите, иако на музичарите тоа не им одговарало бидејќи над 30 години работеле без пензиско и здравствено осигурување.
Преживеан во кочанската трагедија се откажа од кривично гонење на обезбедувањето – Слободен печат
Со оглед на тоа дека тој соработувал долго со групата и му биле пријатели, само претпоставува дека Мартин Атанасовски Буцо бил задолжен за пиротехниката. Истото му го кажал и претходен соработник на групата ДНК, Денис, кој пак заминал во Германија, а претходно тој бил задолжен за пиротехниката.
Според неговото сведочење, Панчо претежно ги договарал настапите. За трагедијата дознал од социјалните мрежи и не верувал дека пиротехниката ја донел бендот, сè додека не видел дека и претходно користеле пиротехника. Денис му кажал дека легално набавувале пиротехника од продавница во Кисела Вода.
Во Кочани пристигнал утрото по трагедијата и ги барал членовите на бендот.


