Судење за пожарот во Кочани / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Обезбедувачите повраќаа црнила, па пак се враќаа да спасуваат, сведочи девојка која го снимила почетокот на пожарот

„Обезбедувањето повраќаше црнила, ја ставаа пак маицата преку устата и носот и се враќаа да спасуваат луѓе“, сведочеше денеска на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани Мартина Ристевска, која била сведок на трагедијата и снимила видео од моментите кога избил пожарот.

Ристевска рече дека им е благодарна на обезбедувачите, меѓу кои ги спомена Лазар и Столе, дека ѝ го спасиле животот, дека ги жртвувале своите животи за да спасат што повеќе луѓе.

Овие тврдења испровоцираа прашање од одбраната кое гласеше: „Дали може да се заклучи дека групата „ДНК“ го предизвикала пожарот, а обезбедувачите спасувале?“

Судот не го дозволи прашањето.

Девојката случајно, додека го снимала пејачот на бендот, го снимила и почетокот на пожарот, односно како една од прскалките го пали плафонот, а пејачот повикува луѓето да излегуваат.

-Настана голема паника, имаше многу гужва на вратата. Не се ни сеќавам како излегов, пред вратата паднав. Дел од обезбедувањето, Лазар и Столе, ги тргнаа луѓето кои беа паднати врз мене, ме тегнеа и ме извлекоа. Обезбедувањето им помагаше и на другите. Иако беа во многу лоша состојба, повраќаа црно, им пружаа помош на сите – пак ја ставаа маицата преку устата и носот и се враќаа да помагаат – сведочеше девојчето.

Деко се бунел дека душекот во затвор не му бил добар и дека многу често му вршеле претреси, други забелешки пред управата во Куманово немал – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот