Палестинците им помoгнале на Израелците во гаснењето на пожарот кај Ерусалим

Пожари во близина на Ерусалим/ Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Министерот за одбрана на Израел, Бени Гантц вчера ја искажа својата благодарност кон палестинската управа која испрати неколку пожарникарски камиони во Израел за да помогнат со гаснењето на големиот шумски пожар во близина на Ерусалим, пренесува Тајмс оф Израел.

„Би сакал да се заблагодарам на претставникот на палестинската управа Мохамед Абас за неговата иницијатива. Солидарноста и спасувањето на човековите животи се заеднички интереси“ објави Гантц на Твитер.

Палестинците испратија 4 камиони и 20 пожарникари за да им помогнат на Израелците со пожарите.

Денеска Палестинците по трет пат им помагаат на Израел при справување со пожари, откако тоа го направиле во 2010-та и 2016-та година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот