Палермо по „стапките“ на Парма: Рекордна посетеност во Серија Д! (ВИДЕО)

twitter.com/onlyasroma

Екипата за која до летово играа двајцата македонски репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, испадна во Серија Д.

Клубот од Сицилија не се регистрираше на време за настапи во Серија Б, откако не успеа да обезбеди финансиски доказ до лигата, односно нивните сопственици тврдеа дека се измамени од својот брокер и осигурителна компанија од Бугарија.

Палермо го одигра својот прв домашен меч во Серија Д против тимот на Сан Томасо, а на трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ имаше скоро 17.000 илјади фанови, што е нов рекод во оваа лига на италијанскиот клупски фудбал.

Ова секако многу наликува на моментите кога Парма падна во 2015 година поради големи финансиски проблеми, но затоа се врати во 2018 година во Серија А. Па така, Палермо на сличен начин ќе се обиде со сите сили биде повторно еден ден од елитата…

После две кола во групата „И“ од Серија А, Палермо има максимални шест бодови на делба на првото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот