Падот на залихите и најавите за намалување на производството ја креваат цената на нафтата

Архива на СП

Цената на нафтата „Брент” од Северно море на утринкото тргување се зголеми за 0,94 проценти, или 36 центи, на 38,68 долари за барел, пренесуваат британските медиуми.

Цената на нафтата веќе пет недели со ред е во стабилен раст кој е детерминиран од намалување на залихите, најавите за дополнително намалување на производството како и поради олабавувањето на мерките воведени за спречување на корона вирусот во светот што пак ја зголеми побарувачката.

Интересот на трговците за „црното злато“ расте особено пред најавената виртуелна конференција на земјите извознички на нафта на која треба да се одлучува за дополнително намалување на производството. Претходно беше договорено намалување од 9,7 милиони барели дневно за месеците мај и јуни, што пак претставува 10 проценти од светското производство.Сега планот е да се постигне договор за втората половина од годината за која претходно се разговараше за намалувањето на производството од 7,7 милиони барели дневно.

Цената на нафтата „Брент” од Северно море на утринкото тргување се зголеми за 0,94 проценти, или 36 центи, на 38,68 долари за барел, пренесуваат британските медиуми.

Американската „лесна” нафта зајакна 0,73 проценти, или 26 центи, на 35,70 долари за барел.

Во последните шест недели цената на нафтата „Брент” е двојно зголемена благодарение на намалените резерви од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, група што е популарно позната како ОПЕК +.

Цените на двата вида нафта, сепак, се уште е за околу 40 проценти пониски отколку на почетокот на годината.

Продолжувањето на договорот може да ги зголеми цените на бензинот на 40 долари, проценуваат пазарните експерти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот