Пад на цените на производителите на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а се пониски за 0,4 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во мај годинава се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, а за 0,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 2020, во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација остануваат непроменети.

Во мај 2020, во споредба со мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 16,1 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,5 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а се пониски за 0,4 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во мај 2020, во споредба со април 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија  се пониски за 0,2 отсто.

Во мај 2020, во споредба со мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 25 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1,9 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот