ФОТО+ВИДЕО | Овој човек постави рекорд за најмногу изедени Биг Мек хамбургери во животот

Доналд Горске
Доналд Горске / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Маж од Висконсин, САД влезе во Гинисовата книга на рекорди како личност која изелa најмногу Биг Мек хамбургери во животот, дури 32.340!

Иако многумина можеби си мислат дека излеле многу Биг Мек хамбургери во животот, ништо не се споредува со напорите на овој човек кој постави Гинисов рекорд токму за тоа.

Доналд Горске од Висконсин од 1972 година јаде барем по еден Биг Мек од „Мекдоналдс“ секој ден или во просек по два на ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Overtimer (@theovertimercom)

За првпат ја освои посакуваната титула за најмногу изедени Биг Мек хамбургери во својот живот во 1999 година, но сега, 22 години подоцна, го надмина својот рекорд откако изеде 32.340 хамбургери.

Горске дури може да се сети кога првпат пробал Биг Мек и како веднаш сфатил дека ќе изеде многу, многу повеќе во животот.

„Возев директно до „Мекдоналдс“, ги зедов моите први три Биг Мек хамбургери, потоа се качив во автомобилот и ги изедов“, изјави тој за Гинисовата книга на рекорди. „Во тој момент, си реков: „Веројатно ќе го јадам ова до крајот на мојот живот“. Ги фрлив картоните на задниот дел од седиштето и почнав да ги бројам од првиот ден“, раскажува тој.

Во раните денови, станал толку опседнат со јадење до девет хамбургери на ден, но неговата рутина сега евидентира дека јаде просечно по два секој ден – што е еквивалентно на вкупно 14 хамбургери неделно.

Горске ја сфаќа својата страст многу сериозно, дури ја чувал секоја кутија и фискална сметка во кутии и торби по години, и ги означувал на календар.

Тој вели дека неговата тајна е главно да јаде два хамбургери дневно како главно јадење, а не како ужина и да го прескокне помфритот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот