Овие земји најбрзо ќе закрепнат од кризата со коронавирусот – еве на кое место е рангирана Македонија

По економската криза од 2008 година светот е погоден од уште една криза овој пат предизвикана од мерките кои земјите ги преземаат за справување со ширењето на КОВИД – 19. Светот ги затвори границите, авио – превозот е во прекин, а транспортот по копно е сведен на минимум. Паралелно дополнително влијание врз целата ситуација има и падот на цената на нафтата поради трговската „битка“ меѓу Русија и Саудиска Арабија кои во услови на презаситеност на пазарот со нафта го зголемуваат своето производство со што се намали и влезот на средства во буџетите на државите по основ на акциза.

Според индексот на економска отпорност, Би Би Си изработи ранг листа со која се опфатени 130 држави од светот, а рангирањето е според трговската размена на земјите, политичка стабилност, корпоративното управување, ризиците и логистиката како и транспарентноста на синџирите за снабдување. Според овие критериуми лесно може да се дојде до земјите кои би се нашле на првите позиции, односно економии кои најлесно би се справиле со последиците од оваа економска криза.

На листата од 130 земји рангирана е и нашата земја. Според статистичките показатели на Македонија и припадна 100 позиција.

Првите десет позиции се резервирани за Норвешка, Данска, Швајцарија, Германија, Финска, Шведска, Луксембург, Австрија, земјите на централна Америка и Велика Британија.

Од земјите во регионот пред нас на листата се Хрватска на 37 место, Словенија на 42 позиција, Србија на 63 и БиХ на 70 место.

Целата листа видете ја тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот