Овие симптоми укажуваат на недостиг на цинк

Фото: Профимедиа

Имунолошкиот систем се однесува на цела армија од клетки, хемикалии и процеси, кои неуморно работат за да го заштитат нашето тело од туѓите напаѓачи. Ако помош за вашиот имунитет барате во витамините, минералите и суплементите, секако направете го тоа, а лекарите додаваат дека во овој случај е важно да се изберат вистинските.

Цинкот е минерал кој има многу придобивки за нашето здравје. Го зајакнува имунитетот, влијае на растот на косата и ноктите, но и на здравјето на кожата. Има важна улога во синтезата на ДНК и во заздравувањето на оштетените ткива, а исто така има големо влијание и на сетилата за вкус и мирис.

Цинкот може да се конзумира преку одредени намирници или во вид на суплементи, а го има и во многу препарати за обновување на кожата.

Но, како да препознаете дека на вашето тело му недостасува цинк? Како што пишува „Хелтлајн“, постојат неколку симптоми кои укажуваат на недостиг на овој важен минерал.

Тука спаѓаат: необјаснето слабеење, рани кои воопшто не зараснуваат, недостаток на енергија и хроничен замор, проблеми со сетилото за мирис и вкус, дијареја (пролив), губење на апетитот и отворени рани на кожата.

Секој од овие симптоми е предупредувачки знак бидејќи, освен недостиг на цинкот, може да укаже на многу други сериозни здравствени состојби кои треба да се лекуваат. Како помош во поставувањето соодветна дијагноза, се мери нивото на цинк во крвта, а лекувањето се состои во земање додатоци на цинк.

Кои се фактори на ризик? Ако сте бремени и имате недостиг на цинк, вашето бебе можеби ќе го нема она што му е потребно за правилен развој. Експертите предупредуваат дека при планирањето на бременоста недостигот на цинк е еден од главните проблеми. Тоа е затоа што недостигот на цинк може да доведе до импотенција кај мажите.

Луѓето со најголем ризик од недостиг на цинк се доенчињата и постарите возрасни лица. И на трудниците исто така им треба повеќе цинк од вообичаено, бидејќи цинкот во нивното тело е потребен за правилен развој на детето.

Под голем ризик се и луѓето зависни од алкохол, а истражувањата покажуваат дека причината за тоа е што алкохолот во организмот ја отежнува апсорпцијата на цинкот.

Цинкот е неопходен за правилен раст и размножување на клетките што учествуваат во имунолошките реакции. Ако се земе на самиот почеток на настинката, може да го скрати нејзиното времетраење, истакнуваат лекарите. Сепак, тие истакнуваат дека треба да се биде внимателен кога се користи цинк, бидејќи може да донесе нуспојави како гадење и дијареја, особено ако се зема на празен стомак. Тие додаваат дека треба да се избегнуваат спрејови за нос што содржат цинк, бидејќи можат да предизвикаат неповратно губење на мирисот.

Кога се зема правилно, може да помогне за здравјето на имунолошкиот систем: кога вирусот ќе влезе во крвотокот, цинкот продира во оштетената клетка и го спречува ширењето на инфекцијата.

Каде да го најдете: Еден од најдобрите извори на цинк во исхраната е црвеното месо. Консумирањето на околу 100 грама црвено месо може да задоволи дури 25 отсто од вкупните дневни потреби за цинк. Спанаќот, ракчињата, гравот, карфиолот и ленените семки се исто така одлични извори на цинк.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот