Овие површини и предмети никогаш не треба да ги чистите со оцет, може сериозно да ги оштети
Оцетот е популарно средство за чистење во домаќинствата и многумина го користат за отстранување на каменец, маснотии и нечистотија од различни површини. Но, постојат материјали и предмети кај кои употребата на оцет може да предизвика штета. Во продолжение се површините и предметите што никогаш не треба да ги чистите со оцет.
Препорачано
Камени работни плочи
Природните камења како гранитот и мермерот можат да се оштетат од оцет. Тој го отстранува сјајот и го уништува заштитниот слој. За чистење користете благ сапун и вода или pH-неутрални средства.
Машина за миење садови
Иако оцетот се користи за отстранување на каменец, може да ги оштети гумените делови и споеви во машината. Наместо тоа, употребувајте сода бикарбона или средства препорачани од производителот.
Машина за перење алишта
Редовната употреба на оцет може да ги оштети гумените делови. Еднаш месечно пуштете празен циклус со сода бикарбона и топла вода за одржување.
Инокс уреди
Честото користење оцет може да го оштети заштитниот слој на иноксот, што доведува до дамки или појава на ‘рѓа. Наместо него, користете топла вода, благ детергент и мека крпа.
Дрвени подови и мебел
Оцетот го отстранува заштитниот слој на дрвото, го суши материјалот и може да предизвика лепливост и губење на сјај. Користете специјални средства за дрво и добро исцедена крпа.
Кожни фотелји и седишта
Оцетот ги отстранува природните масла од кожата, што доведува до сушење и пукање. За чистење користете специјализирани производи наменети за кожа.
Иако оцетот е многу корисен за чистење каменец и маснотии, не е универзално средство. Со правилен избор на препарати и внимателно одржување, ќе ги заштитите чувствителните површини и ќе го продолжите векот на вашите уреди и мебел.


