Овие дестинации беа тотален хит, но повеќе не можат да се видат (ФОТО) – Слободен печат
ЗабаваМагазин

Овие дестинации беа тотален хит, но повеќе не можат да се видат (ФОТО)

Во последните десетина години се срушија некои природни чуда, а некоисе затвораат бидејќи туризмот премногу влијае на еко-флората. Музеите се гасат бидејќи не се доволно профитабилни.

Последните 10 години исчезнаа некои од туристичките атракции кои помеѓу патниците го имаа статусот на икона – се срушија некои природни чуда, затворија некои трговски центри, а некои популарни дестинации се затворени поради грижа за околината. Накратко, доколку не стигнавте да ги посетите до сега, шансите се дека повеќе нема да имате прилика за тоа. Еве 9 дестинации кои ја доживеале таа судбина:

Заливот Маја на тајландскиот остров Ko Phi Phi Leh

Стана познат откако беше прикажан во филмот „Жал“ во 2000 година. Главни актери беа Леонардо ди Каприо и Тилда Свинтон, која токму од заливот Маја Беј се вивна во филмска ѕвезда. Откако е објавен филмот, над илјадници луѓе секојдневно го посетувале ова идилично место, па тајландскиот одел за национални паркови, заштита на дивината и билките во 2018 објавил дека плажата се затвора поради прекумерениот туризам и загадување.

Всушност, загадувањето со отпад, бродови и заштитни средства за сончање, уништиле околу 80% од коралите во заливот, пренел The Guardian. Плажата е затворена на неодредено време, додека еко-составот не се врати во нормала.

Азурниот прозорец

Камениот лак познат под романтичното име „азурен прозорец“, беше едно од најславните туристички места на Малта.

Лакот се формирал кога се срушиле две варовнички морски карпи, а се срушиле за време на олујата во 2017 година. Среќа, местото е овековечено во првата епизода на серијалот „Игра на тронови“.

Трговскиот центар за играчки на „Toys ‘R’ Us“ на Тајмс Сквер

Продавницата за сите врсти на играчки и атракција, се простираше на дури 110.000 квадратни метри. Затворена е кога цената на квадратните метри скокна „до небо“, што стана неиздржливо за омилената продавница за играчки. Денес на тоа место се наоѓаат водечките трговски брендови како Gap и Old Navy.

Каменот Duckbill на р’тот Киванда во Орегон

Каменот кој долго време балансираше на несигурна подлога од песок, се наоѓа во заштитеното подрачје на паркот Кејп Киванда. Беше долг 7 метри и омилена мета на фотографирањето.

Најпрво запчнала да се рони, односно да и испаѓаат делови. Од службата за заштита на паркови во американската држава Орегон на почетокот мислеле дека тоа е поради природни причини, па целата клисура на која е каменот била заградена поради бројните смртни случаеви и повреди поради неговата нестабилност.

Но, набргу се појавила видео-снимка од група луѓе кои го туркаат каменот и распарчуваат, кои довеле до негово рушење, напишал Вашингтон Пост.

Љубовните катанци на мостот Pont des Arts во Париз

View this post on Instagram

🔐💕

A post shared by G𝚛𝚎𝚒𝚜 (@greta.giovetti) on

На мостот Pont des Arts во Франција, некогаш беа поставени над стотици „љубовни катанчиња“ кои биле сведоци за паровите кои заедно го посетиле тоа место.

Се претпоставува дека тој обичај потекнал од Федерико Моциа во неговата книга „Те посакувам“, која била и филмски адаптирана. Традицијата започнала на мостот Ponte Milvio во Рим и се проширила низ другите градови.

View this post on Instagram

la vie est belle 🦋

A post shared by lupita (@lupitaaaaxx) on

Но, градот Париз ги отстранил катанците откако мостот започнал да тоне поради својата тежина. Исто така, вградени биле плочи од плексиглас, за да ги спречат луѓето од додавање на нови катанци, но некои одлучни љубовници од тогаш ги поставуваат на светилките.

Улуру карпите во Австралија

Луѓето ги сметаат Улуру карпите за свето место, а на нив постојат трагови од живот стари дури повеќе од 30.000 години. Туристите започнале да се качуваат по нив уште во 1930-те, но припадниците на Анангу групата, која ја сочинуваат членови од неколку средишни австралиски абориџински групи, лобирале за да се затвори тоа место, бидејќи туристите не ја почитуваат нивната традиција и кампуваат нелегално.

Карпите се трајно затворени оваа година, а возачите на паркот се уште ги отстрануваат старите знакови кои на туристите им го покажувале правецот. Ден пред да се затворат карпите, над илјадници луѓе чекале во ред да се качат по карпите за последен пат. Среќа остатокот од националниот парк Улуру-Ката Тјута останува отворен, па туристите можат да ги видат и фотографираат.

Музејот на оружје во Хигинс, Ворчестер

Музејот на оружје Хигинс во Ворчестер, високата зграда во арт-деко стилот која потсетува на дворец или тврдина, затворена е во 2013 година. Ја изградил Џон Вудман Хигинс во 1920-те, сопственикот на фирмата Worchester Pressed Steel. Во музејот биле прикажани оклопи од целиот свет, вклучувајќи и кучешки оклопи од 15 век, но и интерактивни експонати кои посетителите можеле да ги испробаат, навел Atlas Obscura.

Како причина за затварање се наведува неможноста да се плати скапата кирија само од билетите.

Плажата Легзира во Мароко

Тука плажата порано ја сочинувале две величествени пристаништа нурнати во океанот. Сместена помеѓу градовите Мирлефт и Сиди Ифни, седименталната карпа за време на зајдисонцето станувала жар црвена.

Но, едно од пристаништата се срушило во 2016 година. Се претпоставува дека причина за тоа било движењето на океанските бранови и повеќегодишната ерозија на почвата.

Newseum во Вашингтон

Музејот посветен на новинарството и еволуцијата на комуникациите е отворен во 2008 година, а се затвора кон крајот на оваа година. Во него има експонати како антената преку која се емитирало во Светскиот Трејд Центар, но и 8 делови од Берлинскиот ѕид и Пулитзерова награда. Бидејќи во близина се наоѓа безплатниот природен музеј со кој управува Институтот Смитсонијан, влезницата од 24,95 долари за овој музеј се покажа како неиздржлива.

Зградата ја купил Археолошкиот музеј Џонс Хопкинс за 372,5 милиони долари, а на 31 декември оваа година, експонатите се селат во магацин додека не се одлучи што ќе биде со нив, пишува Инсајдер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close