Кујна - Фото: pexels-falling4utah

Овие бои се идеални за комбинирање при уредување на кујната

Изборот на бои во кујната е еден од најважните чекори при уредувањето на домот, бидејќи боите значително влијаат на тоа како го доживуваме просторот и атмосферата.

Доколку имате помала кујна, светлите нијанси можат визуелно да го прошират просторот и да го направат посветол. Пред да се одлучите за одредена комбинација, важно е да размислите каков стил сакате да постигнете и боите да се вклопат во целокупниот дизајн на домот.

За модерни кујни најчесто се избираат ладни тонови како бела, сива, сина или црна. Контрастите, на пример црни кујнски елементи со златни детали, можат да создадат впечатлив и елегантен изглед. Природните бои – беж, кафеава, сива и топлите земјени нијанси – придонесуваат за пријатна и топла атмосфера, типична за рустичниот стил.

Потемните нијанси, како црна или темно сива, во комбинација со дрвени или метални детали, се одличен избор за индустриски стил.

Кога станува збор за мали кујни, светлите бои се најдобро решение, бидејќи ја рефлектираат светлината и создаваат чувство на просторност и воздушност. Потемните тонови, пак, внесуваат длабочина и интимност, но подобро одговараат за поголеми простории.

Сините и зелените нијанси внесуваат смиреност и релаксација, што ги прави идеални за кујни во кои сакате да поминувате повеќе време. Жолтата и портокаловата се енергични бои – жолтата додава топлина, а портокаловата поттикнува креативност и дружење.

Најдобар совет е да комбинирате бои и детали на начин што ќе создаде кујна која најдобро ќе го одразува вашиот стил на живот и атмосферата во домот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот