Домати / Фото: Pexels / asphotograpy

Оваа животинска маст е поздрава од грашок, домати и зелена салата, но има една стапица

Можеби е тешко да се поверува дека во свет каде црвеното месо добива толку лоша репутација, за еден животински производ да се вели дека е поздрав од повеќето овошја и зеленчук.

Црвеното и преработеното месо долго време се поврзува со здравствени ризици, а според предупредувањата на експертите од организацијата Истражување на рак Британија (Cancer Research UK), честото консумирање на овие намирници може да го зголеми ризикот од рак на дебелото црево, бидејќи нитритите во телото можат да се претворат во штетни соединенија што ги оштетуваат цревните клетки.

И покрај оваа репутација, анализата на „Би-би-си год фуд“, која опфатила повеќе од 1.000 намирници, покажала дека свинската маст е прогласена за најздрава животинска маст, односно за најздрава храна од животинско потекло на нивната скала, пишува „ЛАДбајбл“.

Свинската маст го зазела осмото место на листата на 100 најхранливо вредни намирници со оценка од 73/100. Анализата наведува дека таа е богат извор на витамини од групата Б и минерали и дека е „понезаситена и поздрава од овчјата или говедската маст“.

На истата скала, некои најчесто препорачани намирници се рангираат пониско од мастите, вклучувајќи го зелениот грашок, зелената салата и доматите. Токму поради оваа причина, „Би-би-си гуд фуд“ наведува дека маста е рангирана пред овие намирници во однос на хранливата вредност. Ова дополнително нагласува колку високо се позиционирани во нивната анализа.

Истражувањето објавено во магазинот „Анимал продакшн саенс“ (Animal Production Science) истакнува дека маста содржи конјугирана линолна киселина (КЛА), соединение што се проучува поради неговите можни корисни ефекти врз здравјето.

Нутриционистката Ким Денкхаус за „Тудеј“ рекла дека органското месо е нутритивно посупериорно во однос на она што содржи хемиски адитиви.

„Сè што животното јаде и внесува завршува кај нас затоа што го јадеме тоа животно. Додадените хормони за раст од животни во човечкото тело можат да го зголемат ризикот од рак и хормонски нарушувања, поради што е важно да ја избираме органската свинска маст“, објаснила таа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот