Фото: PxHere

Заштедете пари: Оваа функција на машината за перење е полн погодок, еве зошто

Можеби сте забележале на етикетата од вашата облека дека пишува да се одржува со хемиско чистење, но постои начин како деликатните ткаенини да ги исперете дома.

Вообичаено „кандидати“ за хемиско чистење се волната, кашмирот, свилата, вискозата и другите нежни ткаенини, кои – спротивно на популарното верување, навистина може да се перат дома. Ако вашата машина нуди функција за нежно перење, на деликатна облека, тогаш ќе заштедите многу пари.

Одредени машини за перење нудат функција што ги пере алиштата на начин кој тоа го прави хемиското перење.

Важно е да се спомене дека оваа етикета постои затоа што вашата облека инаку би можела да се намали ако се пере во премногу топла вода.

Хејзел Мекини откри на Тикток дека има совршено решение за перење многу нежни алишта, вели, овој трик ги отстранува дури и најтврдокорните дамки додека обезбедува правилно перење дури и на најнежните ткаенини.

Од видеото се гледа дека е сосема безбедно да се перат алиштата на програмата за деликатно перење, за која досега верувавме дека може да се исчисти само на хемиско чистење, бидејќи во спротивно ќе биде уништена.

Таа ја адаптирала машината за перење на програма за деликатна облека со претходно поставени 800 вртења и температура на водата од 40 степени. Потоа ја пуштила машината за перење да работи, а по перењето само ја закачила истата и ја оставила да се исуши на собна температура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот