Ова се некои од строгите правила до кои принцезата Шарлот треба да се придржува

инстаграм

Принцезата Шарлот пред некој ден го прослави својот петти роденден, но дури и на тој ден таа мораше да се придржува до строгите правила кои на неа и браќата им ги поставува дадилката Мариа Борело.

Војводата и војвотката од Кембриџ Вилијам и Кејт ја вработија дадилката Мариа во 2014 година, кога принцот Џорџ имаше само осум месеци, а таа дури и денес се грижи за нивните деца.

„Мариа е многу строга и има посебен пристап бидејќи знае дека децата не смеат да плачат ниту да изведуваат сцени додека се во јавноста и ја држат својата мајка за рака и им отпоздравуваат на луѓето“, изјави за „The Sun“, Луис Херен, експертот во одделот за предшколска воздраст.

Дадилката им поставила правила до кои децата мораат строго да се придружуваат. Едно од правилата налага децата точно во 19 часот да мораат да одат на спиење.

Исто така таа секој ден им дава да јадат различна храна и да пробуваат нови вкусови со цел тие да не се хранат нездраво. Еден ден во неделата, најчесто сабота, им дозволува да пробаат нешто благо.

Тие смеат да си играат само надвор, без оглед какво е времето. Дадилката ја поттикнува нивната игра бидејќи смета дека така тие најдобро учат, пишува „The Sun“.

Дадилката им наложува на децата секој ден да ги прераскажат активностите од тековниот ден и меѓусебно да се оценат. А иако кралицата Елизабета им е само прабаба, тие за неа и нејзината работа учат секојдневно и кон неа мораат да се однесуваат со највисока почит, истото важи и за останатите членови од семејството.

„Тие мораат често да возат велосипед, да играат со кучињата и домашните миленици и да садат билки, како и овошје и зеленчук во градината“, изјави Хелен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот