Ова се „најопасните“ славни лица на интернет

Фото: Инстаграм

Според податоците на „McAfee“, „најопасна“ славна личност на оваа листа е пејчката Адел, која ја стекна новата популарност благодарение на неверојатната физичка трансформација…

Сите сакаат да ја гуглаат својата омилена славна личност, но не се свесни дека тоа може да биде опасно за нивните компјутери. Компанијата „McAfee“ ја откри листата со славните личности чија популарност ја злоупотребуваат хакерите и сајберкриминалците.

Пребарувањето на вести за нив би можело да ве одведе на лажни интернет страници кои хакерите ги искористат за да ви ги украдат податоците или да ја преземат контролата над вашиот компјутер.

Според податоците на „McAfee“, „најопасна“ славна чиност на оваа листа е Адел, која привлече двојно поголем број на обожаватели и нови следбеници откако направи неверојатна телесна трансформација.

Адел / 06 мај 2020 / Фото: Инстаграм пост @adele

Еве кои славни лица се наоѓаат на првите 10 места од листата со опасни познати лица за пребарување…

1. Адел
2. Ана Кендрик
3. Дрејк
4. Кара Делевињ
5. Чарли Диамелио
6. Алиша Кис
7. Аврил Лавињ
8. Бене
9. Камила Кабељо
10. Бијонсе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот