Ова се 20 држави најопасни во светот поради корона вирусот

Предупредување за романско сценарио, цела една област се нарекува романска Ломбардија.

Италија и понатаму се смета дека е најпогодена земја од епидемијата со корона вирусот, иако бројот на заразени полека опаѓа. Бројот на жртви во земјата надмина 20 илјади, а статистиката покажува дека опасноста од зараза и понатаму останува најголема во оваа земја.

По Италија, на второто место се САД во овој момент, а по нив е Велика Британија, Шпанија и Франција. Земјите на листата се рангирани според бројот на заразени во однос на вкупниот број на жители.

Во топ десет се најде и Романија, каде има најголем број на заразени од земјите во регионот. Во земјата вчера беа потврдени 332 нови случаи, па вкупниот број на заразени сега изнесува 6.633 лица. Земјата предничи и во однос на бројот на жртви, со 331 починат пациент. Денеска објави дека регистрирани се нови 14 случаи.

Претседателот на Романија Клаус Јоханис изјави дека вонредната состојба во земјата ќе биде на сила до 16. мај.

Најлоша е ситуацијата во северните делови од земјата од каде стигаат драматични бројки. Цел еден округ, Сучава, е одсечен од остатокот на земјата. Тој е ставен во строг карантин, а бројот на заразени и починати таму е во најголем пораст. Властите велат дека во овој дел има повеќе од 50 отсто од вкупниот број на заразени медицински лица. Бидејќи овој крај е жариште на корона вирусот, Романците за него велат дека е романска Ломбардија.

Земји победнички

Од друга страна, статистиката покажува и кои земји најдобро се справија со пандемијата.

За време на рангирањето предвид е земена брзината на воведување рестриктивни мерки, како и нивното влијание врз вкупниот број на заболени и починати. На врвот се најде Германија, која најдобро одговори на предизвикот. Од некоја причина и САД се најдоа на оваа листа, и повторно се позиционирани на второто место, додека Јапонија се најде на третата позиција.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот